Автоголот на Габриел во 24. минута, го елиминираше Арсенал од ФА Купот. Саутемптон продолжува во следната фаза благодарение на тој гол.

Ова е уште еден неуспех на Арсенал, кој што по загубената титула во првенството, сега му се случи елиминација и од ФА Купот.

Залудно што „топџиите“ имаа повеќе посед од топката, кога по шансите беа тука некаде двата тима, па така на крајот Саутемптон слави, додека Артета остана без уште еден трофеј во својата тренерска кариера на клупата на Арсенал.