Рафаел Бенитез си заминал од кинескиот клуб Далиан Про. Шпанецот решил да го прекине договорот со кинескиот суперлигаш поради стравувањата во врска со постојаното ширење на Ковид-19 и кризата која се најавува.

Бенитез, чија семејна куќа е на северо-западот од Англија, бил под притисок да се врати дома, поради загриженоста за потенцијално затворање на подолг временски период во Кина, ако вирусот повторно земе замав на ширење на Далечниот исток.

Поранешниот стратег на Реал Мадрид и Ливерпул донесе одлука да не ја дочека новата сезона на клупата на Далиан Про и веќе им соопштил на своите сегашни работодавци дека најдобро е договорот да биде прекинат.