Пред почетокот на новата сезона во СЕХА Газпром лигата ракометарите на Вардар 1961 одиграа контролен натпревар против градскиот ривал Металург. Вардар го совлада својот ривал со 34:26 (14:12). И двете екипи играа во некомплетни состави, со отсуство на играчите што настапуваат на СП во Египет.

Кај Вардарци недостасуваа шест ракометари кои се со селекциите на СП во Египет, и плус Дисингер и Дибиров кој имаат мали повреди, како и голманот Кизиќ.

Во текот на натпреварот Вардар постојано имал водство кое во последните 20 минути од средбата го зголемил на 21-17 во 40 минута. Тоа беше клучниот момент на средбата по што Вардар 1961 само ја зголемуваше предноста која во самата завршница беше и највисоки „плус 9 “ за 32-23.