Тимот на Рома успеа со многу проблеми и далеку потешко од очекувањата да ја совлада екипата на Специја во новото коло од Серија А, на домашен терен со конечни 4:3. И тоа со гол постигнат во последните секунди од мечот, од страна на Пелегрини.

Иако сето ова попладнево во Рим требаше да излгеда полесно за Рома, сепак на терен не беше така. Мајорал постигна гол за домашно водство но во 24. минута Пиколи израмнува на 1:1.

Следуваат два гола во вториот дел за Рома во серија повторно преку Мајорал односно Карсдорп, и кога се очекуваше лесен финиш за римјаните одново драма. Фариас односно Верде во деведесеттата минута за Специја погодуваат за 3:3, а спаси три бода за домашните споменатиот Пелегрини во втората минута од судиското продолжение.