Вирџил Ван Дајк би можел да се врати во тимот на Ливерпул порано од очекуваното. Холанѓанецот заработи тешка повреда на дуелот со Евертон уште на стартот од сезоната, поради која се претпоставуваше дека ќе биде во „аут“ до крајот на сезоната, па дури и дека ќе го пропушти ЕП.

Меѓутоа според последните прегледи, одличниот Холанѓанец би можел да се врати на тренинзите на екипата на почетокот на март, па Ливерпул би можел да го има во финишот од сезоната.

И тоа како се виде како Ван Дајк недостасува во тимот на „црвените“.