Македонската ракометна легенда, Кире Лазаров денеска даваше интервју за телевизијата на ХРС (Хрватски ракометен сојуз).

Тој меѓудругите работи, зборуваше и за настапот на Македонија на Мундијалот во Египет. Тој истакна дека сите тагуваат по овие големи пораз на националниот тим, и дека ниту нему не му е лесно.

„Знаевме дека не сме во добра позиција, затоа што имаме промена на генерација. Се договорив да дојдам и да помогнам колку што можам. Го правам тоа од срце. Сите во националниот тим тагуваме по овие големи порази. Не ми е лесно ниту мене. На ова СП го допревме дното, меѓутоа верувам дека можеме да одиме напред со добра стратегија“, изјави Лазаров.

Целото интервју кое е на хрватски јазик погледнете го низ следното видео: