Челзи победи на само три меча во последните 10 дуели, а после поразот од Лестер тргнаа лавина критики кон Франк Лампард и се погласно се шпекулира за негова смена на клупата на „сините“.

Така веќе се шпекулира дека него ќе го замени Нагелсман, а се споменува и Тухел,

Околу шпекулациите за негово заминување, тој вели: „Не ги слушам“.

„Секогаш секаде има нешто, ако сакате да ги листате социјалните мрежи. Јас тоа не го правам. Не сум глупав, знам каков е притисокот кога тренирате голем клуб, но јас само ја работам работата. Ништо не ми значи“, рече Лампард.