Тимот на Маинц го направи изненадувањето на ова тековно 18. коло во Бундес лигата, откако предмалку на домашен терен го совлада тимот на Ред Бул Лајпциг инаку еден од главните фаворити за титулата.

Маинц инаку претпоследен на табелата со конечни 3:2, успеа да го осови десеттиот бод на табелата, и на тој начин малку од малку да си ја подобри сутацијата.

Иако гостите преку Адамс поведоа со 0:1, Ниакате израмни, за да Халстенбег одново го донесе гостинот во водство. Ниакате со вториот гол поставува 2:2, на полувреме а победата на Маинц на овој меч му ја донесе Бариеро со гол во 50. минута.

Лука Јовиќ одново беше стрелец за тимот на Ајнтрахт во големиот гостински триумф од 1:5 со што уште еднаш покажа дека е голем плус откако направи кам – бек од Реал Мадрид.

Резултати:

Арминија Билефелд – Ајнтрахт 1:5

Аугзбург  – Унион Берлин 2:1

Леверкузен – Волфсбург 0:1

Фрајбург – Штутгарт 2:1

Маинц – Ред Бул Лајпциг 3:2

Херта – Вердер 18:30 часот