Пелистер денеска го одигра првиот натпревар на зимските подготовки, и ја оствари првата победа. Битолскиот тим гостуваше во Корча, и ги одмери силите со Деволи, во меч во кој славеше победа од 3:2.

За пелистерци следуваат уште неколку контролни дуели низ кои ќе се темпира формата за вториот дел од сезоната низ кој „зелените“ ќе бркаат опстанок во првенството.