Денеска на стадионот на Алумина во Скопје, во пријателски меч Работнички со 2:0 успеа да го победи второлигашот Тетекс. Гостите од Тетово добро се држеа се до 72.минута кога Ѓурѓевиќ му донесе водство на Работнички од 1:0. Во 85.минута истиот играч ги постави конечните 2:0 за првата победа, во вториот меч, за „романтичарите“ во текот на овие зимски подготовки.

Работнички настапи со Јанков, Кировски, Ѓорѓевиќ, Силјановски, Јонуз, Лазаров, Стојкоски, Максимов, Ристовски, М. Станковски, Јевтоски. Играа и Мустафа, Гроздановски, Мисердовски, Зука, Пецов, Стојков, Тодоровски, Ангелов, Ѓурѓевиќ, Петковски и Петровиќ.

Тетекс пак овој меч го започна со Митев, Б. Пановски, Ибраими, Николовски, Јордановски, Христовски, Бајрами, Чилафи, Михајловски, Салиу, Дервиши.

Играа и: Тимовски, Ислами, Стојановски, Здравковски, Ангеловски, Јовановски, Алексов, Митревски, Иванов, Ајдини и А.Пановски.