Втор пораз на Силекс на пријателските мечеви во Анталија. Денеска кратовци ги одмерија силите против силниот украински тим Колос и загубија со 1:2. Интересно е тоа што Силекс во 48.минута дојде во водство со голот на Бурхан Мустафов. Сепак украинците го искористиле фактот што тренерот на кратовци Горан Симов во 60.минута ја сменил цела прва постава која одиграла доста добро, и со два гола во 75. И 87.минута дошле до победа.

По дуелот со Нови Пазар, ова беше втор меч за силексовци во Анталија и втор пораз. Сепак, како што велат од експедицијата на нашиот тим, радува добрата игра на првиот состав.