Како што и се очекуваше, Шпанија, во меч од групата -1 на СП во Египет, многу лесно и рутинирано успеа да го победи Уругвај со 38-23 (24-12). Шпанија е на прагот од пласман во четвтртфиналето. Сепак останува да се одиграат попладне и вечерва мечевите од 4.коло, а “фуријата“  треба да игра уште еден меч.

Денеска најдобар поединец во таборот на победничкиот тим беше Арино кој постигна девет голови. Интересно, дури единаесет ракометари на Шпанија се запишаа во листата на стрелците на попладневиот дуел со Уругвај.

Во натпревар од групата -2, Катар славеше над Бахреин со резултат 28-23(13-14), иако по првиот дел губеше со еднен разлика. Катарците сепак го искажаа својот квалитет во продолжение од мечот и успеаја да освојат два бода. Капоте кај Катарците постигна девет гола.