Пред МЗТ Скопје вечерва (21 часот) е нов тежок дуелот во АБА 2-лигата. По убедливиот пораз во минатото коло од Слобода Ужице, избраниците на Ѓорѓи Кочов ќе ги одмерат силите со лидерот на второлигашкото јадранско натпреварување, Студенски Центар.

Противникот на македонскиот претставник нема пораз, има шест победи во исто толку одиграни мечеви. МЗТ Скопје пак минатото коло направи чекор назад во битката за врвот во АБА 2-лига, за позициите кои носат место во плеј-офот.

Сепак ништо не е загубено, победа на денешниот меч ќе биде и тоа како добредојден за враќање на самодовербата пред средбите кои момците во „сино-бело“ ги чека во домашниот шампионат.

Кога сме кај АБА 2-лигата, Работнички запиша три службени порази, па се најде на 12. позиција со две победи и пет порази.

ФОТО: АБА 2-ЛИГА