Шампионскиот од на Атлетико Мадрид продолжи и вечерва. Момците на Чоло Симеоне на својот стадион со пресврт дојдоа до нова, 15-та победа во сезоната и натаму остануваат убедлив лидер на табелата во Ла Лига.

Атлетико (М) ја совлада Валенсија до 3:1 во меч во кој гостите успеаја први да погодат со еден прекрасен гол на Урош Рачиќ уште во 11. минута на средбата. Атлетико не чекаше предолго за израмнување. Жоао Феликс во 23. минута обезбеди 1:1, резултат со кој се замина на пауза.

 

Само што стартуваше вториот дел, во 54. минута Луис Суарез го најави превртот со гол за 2:1. Во продолжение домашните продолжија со напади, а Анхел Кореа во 72. минута погоди за 3:1.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore