Кошаркарите на МЗТ Скопје А. претрпеа и трет сезонски пораз во АБА 2 лигата откако вечерва на турнирот во Бања Лука беа високо поразени и до екипата на Студентски Центар со 92:75.

Црногорскиот состав во најголем дел од мечот имаше предност, а МЗТ СКопје А. само во третиот период успеа да го врати мечот во егал и да најави малку понеизвесна битка. На полувремето, Студентски Центар имаше предност од 40:33, а на почетокот на третиот период со една добра серија МЗТ Скопје А. не само што устеа да ја намали негативата, туку и успеа да поведе 51:52. Разликата беше зголемена на 2-3 поени, но радоста траеше кусо.

Студентски центар до крајот на третиот период се врати со предност од 63:59 и влезе со самодоверба во послендиот период, каде аеродромци веќе немаа шанси.

Гравет со 21 поен беше најдобар кај МЗТ Скопје А., додека кај Студентски Центар Славковиќ постигна идентичен број на поени.