Каков пресврт. Битката за четвртфиналето во групата 2 стана доста интересна. Ако мислевме дека се е завршено, Катар покажа дека ништо не може да се потврди додека до последната минута. Аргентина која на големо ја славеше победата над Хрватска сега си оди со наведната глава.

Катарците го добија овој дуел со 25-26  и ја оставија Хрватска во живот. Лино Червар и неговите избраници треба да ја победат Данска за да останат во Египет, во спротивно таму ќе се најде Катар.

Аргентина добро влезе во мечот, имаше позитива од 12-6, но Катарците со серија од 1-6 на одморот намалија на 13-12. Дуелот влезе во неизвесна битка на теренот, се играше гол за гол. На пет минути до крајот „гаучосите“ имаа негатива од два гола (22-24), не успеаја да се изборат за реми.

На Червар му се посреќи, Данска вечерва треба да биде ослабена поради вирус, седум ракометари беа погодени.

Во секој случај второпласираната селекција од групата 2 ќе игра против Шведска.

Шпанија без проблем ја совлада Унгарија со 36-25 и го потврди лидерското место место во групата 1. Во четвртфиналето актуелниот европски првак ќе ги одмери силите со Норвешка, додека Унгарија оди на Франција. Од претходно беше познато дека Данска ќе игра против Египет.