Искусниот стопер Сократис Папастатопулос е блиску до трансфер во Ливерпул. Отпишаниот грчки интернационалец од Арсенал, би можел да се пресели на „Енфилд“ откако Клоп има многу проблеми со повредени играчи.

Сократис во минатото соработуваше со Клоп во Борусија Дортмунд, а добро би дошол по проблемите кои ги има во дефанзивата англискиот првак.

Повредени се Гомез, Ван Дајк и Матип, па Клоп има огромни проблеми во дефанзивата. Но, проблемите се и во нападот, затоа што Ливерпул четири меча по ред во Премиерлигата нема постигнато гол.