Тимот на Работнички ја заокружува првата фаза од подготовките која ја одработи во Скопје. Од утре експедицијата заминува на охридското крајбрежје каде ќе продолжи со напорна работа и одигрување на пријателски натпревари. Следниот тест за составот на Александар Влахо ќе биде дуелот против Ренова в среда.