Грчкиот дефанзивец Сократис Папастатопулос го „откачи“ Клоп и реши да ја прифати понудата на грчки Олимпијакос, каде ќе ја продолжи кариерата по заминувањето од Арсенал.

Иако утринава се појавија информации дека Ливерпул стапил во контакт со искусниот 32-годишен стопер за да го ангажира како засилување за остатокот од сезоната, сепак, тој решил да се врати дома. Грчкиот клуб вечерва потврди дека Сократис потпишал договор со нив до летото 2023 година, што според медиумите треба да му донесе заработка од 1,2 милиони евра.

Ливерпул во него гледаше опција за пополнување на дупката која се појави во одбраната по повредата на Ван Дајк и отсуството на Матип и Џо Гомез.