По се изгледа дека нов тренер на тимот на Челзи по отказот кој го доби Френк Лампард ќе биде Томас Тухел. Човекот кој до неодамна го водеше тимот на ПСЖ слетува во Лондон да спасува ситуација што се вели.

Од друга страна пак, англиските медиуми покрај со оваа шпекулација се бават и со фактот односно причината зошто Френк Лампард доби отказ. Тука пред се се споменува кавгата помеѓу Лампар и директорот на клубот Марина Грановскаја која е исклучително влијателна и блиска до Роман Абрамович. Нормално главниот проблем настанал околу трансферите, кои не биле по волја на Грановскаја, и која очигледно дека пресудила дали Лампард да остане или не.