Тимот на Шалке го ангажираше на шестмесечна позајмица бразилскиот интернацииналец Вилиам. Тој е под договор со Волфсбург, но заминува во Гелзеркирхен како помош во една од најтешките резултатски ситуации во историјата на клубот.
Шалке го чека тешка битка за опстанок, а Вилиам е второ засилување по Клас Јан Хунтелар.
Тој претходно играше за екипите на Интер, односно Интернасионал во Бразил, а со репрезентацијата го освои златниот медал на Олимписките игри во 2016 година.