Тимот на Шкендија главниот дел од подготовките за пролетната полусезона ќе ги одработи без новото засилување, бразилецот Игор да Силва.

Причината за тоа се ковид протоколите на турската држава која за бразилски државјани обврзуваат двонеделен карантин.

Па така, брзилецот ќе работи во Тетово, самостојно и ќе чека неговите соиграчи да се вратат од Анталија.

Што се однесува до останатите информации од Шкендија, за утре е презакажан денешниот пријателски меч против украинска Зорја.