Масимилијано Алегри е најсериозен кандидат за превземање на клупата на Рома на местото на Пауло Фонсека. Алегри е без работа веќе две сезони, откако го напушти Јувентус и од тогаш само траат шпекулациите за негов ангжман, но засега е без работа.

Алегри во минатото беше дел и од Милан.

Проблемот за Рома е дали ќе може да ги исполни финансиските услови на Алегри. Факт е дека Рома е еден од најдобрите клубови, парите би требало да не се проблем, но имајќи во предвид дека Алегри во минатото ги одби ПСЖ и Челзи (се шпекулираше поради финансиски причини), тогаш е јасно дека Алегри ќе чини и многу.

Но, друга страна на приказната е дека Алегри сакал исклучиво да работи во Италија, може да го привлече да ја превземе „волчицата“ и да се обиде да ја извади од кризата.