Лидс Ј. се избори за исклучително вредна победа на гостувањето кај Њукасл во првиот меч од 20. коло на Премиер лигата. Алиоски беше стартер за гостите на „Ст. Џејмс Парк“ во меч во кој Лидс Ј. славеше со 2:1, одигра 56. минути пред да биде заменет со Полјакот Клих.

Головите за тимот на Марсело Биелса ги постигнаа Рафиња (17’) и Харисон (61’), додека единствениот гол за Њукасл беше дело на Алмирон.

Во вториот меч од тековното коло вечерва, Вест Хем со пресврт креиран од фантастичниот Соучек дојде до победа над Кристал Палас со 3:2. Домашните први поведоа со голот на Заха во 3. минута, но Вест Хем со двата гола на Соучек во 9. и 25. минута направи целосен пресврт. Гостите преку Доусон во 65. минута дојдоа и до 3.1, за во самата завршница Заха со својот втор гол да го ублажи поразот.

Standings provided by SofaScore LiveScore