Леванте и нашиот Енис Барди први обезбедија пласман во 1/4-финалето на шпанскиот Копа дел Реј, откако вечерва на гостувањето кај Ваљадолид славеа со 4:2.

Нашиот репрезентативец за првпат беше стартер за Леванте оваа година и уште во првиот меч се запиша во листата на стрелци кај гостите. При резултат 1:0 за Ваљадолид, Барди од слободен удар успеа да го матира домашниот голман и да донесе израмнување. Барди остана во игра до 55. минута кога беше заменет, а Леванте до крајот успеа да ја одржи предноста од два гола која ја имаше надвапати во мечот и да дојде до вредна победа која ги носи во една од завршните рунди во националниот куп.