Од двата интернационалци од Сенегал кои деновиве се дел од тимот на Шкупи, само едниот и официјално ќе го носи дресот на тимот од Чаир.

Алберт Боугазели или популарно наречен Бебето, кој игра на позиција десно крило веќе потпиша договор со Шкупи и ќе биде промовиран, додека пак Диенг Папа Хамиду кој е по вокација класичен шпиц ќе го напушти клубот.

Во потрага по нов напаѓач

Па така, управата на Шкупи, сега ќе се впушти по нова потрага за напаѓач кога ете Хамиду не ги исполни очекувањата. Со оглед на фактот што Дембо Дарбо направи вистински „дар мар“ во домашниот шампионат кој и да дојде на негово место ќе има сериозна задача да го наследи.