Данило Брестовац повеќе не е селектор на македонската ракометна репрезентација. По завршување на Светското првенство на кое Македонија оствари пет порази и една победа, РФМ и сега екс-предводникот одлучија да ја прекинат соработката.

„Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори.

Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција во период јуни 2019 – јануари 2021 година“, се вели во официјалното сопштение на РФМ.