За Џеси Лингард многу веројатно дека зарши одисејата во тимот на Манчестер Јунајтед. Детето на клубот, и играчот кој го носеше дресот на тимот од Олд Трафорд од најмала возраст едноставно веќе не може да се најде во стартните единаесет, ниту пак е прва опција за замена, па сосема е нормално на 28. години да си ја побара среќата на некое друго место.

Лингард досега има настапувано за други клубови но само како позајмен фудбалер, а сега тимот на Вест Хем според шпекулациите, сака перманентно да го ангижира и да се засили со реално квалитетен фудбалер.

Англичаните велат дека „Чеканите“ се најголеми фаворити за потписот на англискиот репрезентативец кој за Јунајтед одигра блису 140 мечеви во кариерата.