И тимот на АЕК е заинтересиран за услугите на Стефан Ристовски. Тоа значи дека ќе има „грчко дерби“ за потписот на македонскиот десен бек, со оглед дека претходно интерес покажа и Олимпијакос.

Но, Олимпијакос во последно време го „замрзна“ интересот, а тоа го користи АЕК кој сака да го добие потписот на десниот бек.

Од „црно-жолтиот“ тим на Атина се интересираат за Македонецот, откако пропадна можност да донесат руски десен бек. Би дошол на позајмица до крајот на сезоната, со можност на откуп.