Милан води со 1:0 на полувреме во првото четврфинале на Купот на Италија против градскиот ривал Интер со голот на Ибрахимовиќ. Сепак, во самата завршница на полувремето гледачите на тв-преносот беа сведоци на грди сцени на „Џузепе Меаца“.

Ибрахимовиќ го опцу Лукаку, а Белгиецот почна да дивее и бара физичка пресметка со Швеѓанецот. Сè заврши, за среќа, со вербални судири, но останува да видиме што ќе се случува во вториот дел.