Куманово фати залет во БИБЛ-лигата, го запиша третиот триумф во низа, откако на гостувањето кај Теодо славеше со 83-90 во меч од седмото коло. Ова беше вкупно четврта победа сезонава која ги издигна од дното на табелата.

Македонскиот тим на почетокот на мечот поведе со 7-0, домаќинот брзо се врати, поведе со 13-11. Сепак по првата четвртина водството му припадна на Куманово (28-30). Резултатска нишалка имаше и во следните десет минути, во кои кошаркарите на нашиот тим се изборија за позитива од два коша (47-49) на одморот.

Куманово беше најдобар во третиот период, поведе со 55-65, па со 59-71, во одлулувачките десет минути имаше само плус пет (66-71). Успеа да ја одржи позитивата и да дојде до триумфот.