Капитенот на Македонската младинска репрезентација и член на тимот на Ријека, Милан Ристовски следните шест месеци ќе ги мине во тимот на Спартак Трнава како позајмен играч.

На напаѓачот му треба минутажа која му е неопходна да се врати по тешката повреда однодно операцијата на зглобот, а тоа ќе го добие во словачкиот лигаш.

„Уште од самиот старт и понудата да заминам во Трнава бев особено заинтересиран. Едносѕтавно ми се виде најсериозна, најдобра во моментов за мене. Заминувам до лето таму. Сакам најпрво потполно да се вратам од повредата одлично засега оди се, а потоа и нормално да одиграм максимум минутажа, да им се вратам на головите, да ја вратам формата од претходно. Спартак Трнава е сериозен клуб, има прекрасни услови“ – вели Ристовски за Спортмедиа.

Тој претходно одработи позајмици и во словенечкиот тим Кршко, како и во екипата на Нитра.