Марио Балотели едноставно не може да ја отргне таа карма која го следи низ целата негова кариера, а тоа е да создава скандали одново и одново. Во моментов членот на тимот на Монца имаше жесток пречек од навивачите на Бреша на синоќешниот меч, инаку негов поранешен клуб, кои се гневни на него, за односот кон нивниот тим и го „поздравија“ со еден транспарент пред стадионот. Го блокираа влезот за Балотели, кои инаку повреден дојде со сопствено возило, и не можеше да влезе во објектот туку замина да го остави автомобилот на друго место.

„Постојат фудбалери кои го сакаат овој град и овој клуб, а ти си човек без достоинство“ – напишаа навивачите на Бреша.