Аргентинскиот играч за врска, Папу Гомез, од вечерва и официјално е фудбалер на Севиља. Шпанскиот клуб и Аталанта постигнаа договор за трансфер на Алехандро Дарио Гомез, кој во февруари ќе наполни 33 години.

Гомез доаѓа во Андалузија откако ги помина последните шест сезони во Бергамо, каде се промовираше во еден од најдобрите играчи во Серија А. Офанзивниот играч за врска официјално потпиша договор со Шпанците до 30 јуни 2024 година.