Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на Светското првенство, кое допрва ќе ја има својата завршница. Со пет порази и една победа, нашиот национален тим ќе се најде на 23. место во конкуренција на 32 земји.

Од малкумината работи со кои можеме да се пофалиме од овој Мундијал се голманите. Видовме дека оваа позиција засега е сигурна, Никола Митревски и Мартин Томовски беа совршен тандем.

Томовски добро се покажа на СП, тој по завршување на главната рунда високо котира статистички. Македонскиот репрезентативец е на четвртото место на листата на одбранети удари од седум метри. Од 12 удари, Томовски одбрани пет „пенали“, има 42% ефикасност.