Томас Тухел е во Лондон и денеска ќе го води тренингот на неговиот нов клуб Челзи. Истиот ќе се случи попладнево, а промоцијата на германецот ќе се случи во текот на вечерните часови.

Тој е замената за Френк Лампард кој доби отказ, а Челзи мора итно да ги врши работите, затоа што веќе утре игра меч против тимот на Вулверхемптон.

Тухел седнува на исклучително „жешко столче“ затоа што го презема Челзи на сред сезона, кога клубот не игра најдобро, а резултатите мора да се поправат.