Чеде Јаневски ќе биде нов тренер на Олимпијакос Никозија. Искусниот тренер утре ќе пристигне на Кипар, откако ги договорил сите услови за превземање на овој тим.

„Спортмедиа“ утринава пишуваше за можноста Чеде да се врати на Кипар и да биде дел од Олимпијакос, а кипарските медиуми пишуваат дека веќе се договорени сите детали.

Со тоа Чеде се враќа на Кипар, откако во минатото беше тренер на Енозис два пати и еднаш на Етникос Ахна.