Томас Тухел и официјално е новиот тренер на Челзи. За Германецот ова е прв предизвик во Премиер-лигата, откако во минатото ги водеше ПСЖ, Борусија Дортмунд и Мајнц.

Тухел беше сменет од ПСЖ пред неколку недели. Тухел доаѓа на местото на Френк Ламапард кој не ги оправда очекувањата откако во 2019 година седна на клупата на „сините“.