Привремениот репрезентативец на Албанија, Камер Ќака, е ново засилување за Шкендија. Тетовци денеска го потврдија трансферот на фудбалерот на Универзитатеа Крајова.

Ќака потпишал договор со Шкендија во период од 1,5 година. 25-годишниот фудбалер за врска е роден во Пеќ, а голем дел од кариерата помина во Норвешка и Романија.

„Многу е добро чувството да се биде дел од Шкендија. Слушнав многу добри работи за овој клуб, дека тоа е сериозен тим. Едвај чекам да играм за тимот за да го покажам и мојот потенцијал“, изјавил Ќака.

Ќака бил редовен член на репрезентацијата на Норвешка У17, У18 и У19 година, но во категоријата сениори реши да ја претставува Албанија за која има 4 настапи.