Ова Светско првенство дефинитивно е едно од најлошите. Поради пандемијата на коронавирус не го видовме максимумот од учесниците, а трибините останаа празни.

На програмата во Египет утре се четвртфиналните битки, Мундијалот ја добива својата завршница во која пак ќе нема ниту една балканска земја. Хрватска сама си пресуди, иако Данска беше ослабена, не успеа да го завери својот билет и се врати дома. Истото го стори и Словенија, по ремито со домаќинот на СП, ги спакува куферите. Во оваа тројка од балканските замји влегува и Македонија, ние одамна знаевме дека немаме шанси за продолжување на престојот во Египет.

Последен пат кога на еден Мундијал немало учесник од Балканот меѓу осумте најдобри селекции беше во 1997 година, Хрватска заврши на 13. место, а додека Црна Гора и Србија, заедно го освоија деветото место.