Денеска почнува битката за полуфиналето на Светското првенство во Египет, на програмата се четвртфиналните битки. Македонија и на овие средби ќе има претставници, најдобрата судиска двојка ќе биде задолжена за делење на правдата меѓу Шпанија и Норвешка, меч кој е закажан со почеток во 20:30 часот.

Покрај овој натпревар, во 17:30 часот, домаќинот Египет ќе ги одмери силите со Данска, Шведска игра против Катар, додека Франција против Унгарија.