Босна и Херцеговина – Македонија 2:1 (2:0)

Сала Хусејин Смајловиќ во Зеница

Без гледачи

Судии: Карл Хјуз, Валентин Чиплеа (двајцата од Велс)

Стрелци: Бошковиќ 7‘, 16‘ (БИХ) Петровиќ 22‘ (М)

БИХ: Галиќ, Алаџиќ, Јелиќ, Кахџевиќ, Радминовиќ, Миланковиќ, Сесар, Сесар, Арнаутовиќ, Иванковиќ, Хркаќ, Бошковиќ, Омерховиќ, Петак

Македонија: Петковски, Мицевски, Ранготов, Петровиќ, Дандан, Стојановски, Сулејман, Исмаили, Крстевски, Леовски, Андов, Тодоровски, Арсовски, Сефери

Футсал репрезентацијата на Македонија со пораз ги започна тековните квалификации, откако предмалку во Зеница, загуби од домашната репрезентација на Босна и Херцеговина со конечни 2:1.

Двата гола за домашната репрезентација ги постигна Бошковиќ со што босанците поведоа со 2:0, а потоа ние преку Петровиќ намаливме на 2:1.

Сепак, и покрај напорите да направиме нешто повеќе на овој меч домашниот состав издржа не прими уште еден гол и автоматски обезбеди триумф и полн плен.