По отказот на Френк Лампард, челниците на Челзи за нов стратег го назначија Томас Тухел, екс-тренерот на ПСЖ. Германскиот стручњак дебитираше на клупата на „сините“ со реми, без голови одигра против Вулверхемптон.

Челзи доминираше на овој меч, не не успеа да дојде до гол.

„Задоволен сум од она што го видов денеска. Ќе изградиме тим против кого никој нема да сака да игра. За е мене предизвик е да го направам тоа што побрзо. Од ова што го видов денеска задоволен сум“, изјави Тухел.

Шанса да дојде до првата победа Тухел ќе има за три дена на домашен терен против Барнли.