Од Франција, поточно од Марсеј доаѓаат неверојатни сцени. Навивачите незадоволни од резултатите и начинот на кој го водат клубот, упаднаа во тренинг центарот. Нивната цел пред денешниот меч против Рен, била да се пресметаат со фудбалерите.

Тие го „запалија“ центарот , фрлајќи чадни бомби и бакљи на главниот влез. Марсеј има низа лоши резултати, падна на петото место, во последните пет натпревари во сите натпреварувања има четири порази и едно реми, и веќе заостанува 13 бода од местото кое води во Лигата на шампиони.