Вардар отпатува за Порто каде во четврток ги очекува дуел со истоимениот тим во рамките на Лигата на шампионите. Вардарци отпатуваа со истите ракометари што играа со Нексе, а тренерот Стевче Алушовски нема да смета на повредениот Дисингер, голманот Кантегрел и бековите Мишевски и Карапалевски.

По мечот со Порто Вардарци ќе минат два дена во Скопје, а потоа одат на врзани гостувања кај ПСЖ и Фленсбург.

Имавме тежок меч со Нексе кој беше неизвесен до самиот финиш и од кои се потрудивме да ги извлечеме позитивните работи и да тргнеме во Порто со позитивна енергија и мисла. Го анализиравме противникот, добро работиме на тренинзите и ќе бидеме подготвени за натпреварот во четврток. Пред мечот имаме и тренинг на кој ќе договориме детали кои треба да ги одиграме на натпреварот.

Нормално дека противникот е тежок затоа што Порто е практично репрезентацијата на Португалија, дури 12 репрезентативци. Најголемата опасност ја очекувам од нивните бекови, пред се мислам на левите и средните бекови и доколку успееме да ја запреме нивната соработка имаме големи шанси да направиме добар резултат. Оптимист сум и се надевам на најдоброто“, вели тренерот на Вардар.