„Реми“ од 2:2 за футсал селекцијата на Македонија против Романија. Прв бод во квалификациите за ЕВРО 2022.

Македонија водеше, а потоа Романија поведе, за на крај нашата селекција да израмни и така да спаси бод. Треба да се признае дека статистиката беше на страната на гостите, меѓутоа храбрата игра на момците на Скендеровски, придонесоа за бод.

Дарко Ранготов, пак, со капитенската лента прослави јубилеј од 100 меча во футсал селекцијата.