Футсал репрезентативецот Дарко Ранготов, денеска против Романија го одигра јубилејниот 100-ти натпревар во дресот на футсал репрезентацијата на Македонија.

По повод овој јубилеј, тој доби дрес со бројот 100, колку што има настапи во футсал селекцијата. Тој денеска ја носеше и капитенската лента на нашата репрезентација.

Дресот му го подари селекторот Васко Скендеровски.