Македонската футсал репрезентација одигра 2:2 со репрезентацијата на Романија во квалификациите за ЕУРО 2022. Мечот се одигра во „СЦ Јане Сандански“ во Скопје во рамките на 2.коло од групата 4.

Избраниците на Васко Скендеровски поведоа во 13 минута преку Даниел, меѓутоа во следниот напад гостите изедначија преку Фелипе Оливеира. На полувреме се отиде со реми, а во вториот дел, поточно во 32 минута Рибеиро ја погоди нашата мрежа за пресврт на Романците, а во финишот на мечот Дарко Ранготов спаси реми. Прво бод за нашиот национален тим во овие квалификациите.

Да потсетиме првиот го загубивме на гостувањето во БиХ со 2:1.

Следниот меч на македонскиот тим е против Србија на 5. март во Врање.

Во другиот меч од оваа група БиХ ја совлада Србија со 4:2 во гости и е на чело на табелата со шест бодови. Романија има два, Македонија и Србија по еден.