Македонската футсал репрезентација вечерва во Скопје ќе бие битка против Романија за првите бодови во квалификациската група 4 за пласман на ЕВРО. Откако на првиот меч во БиХ загубивме од домашната селекција со 2:1, вечерва во Скопје во арената “Јане Сандански“ ќе ги одмериме силите со силната селекција на Романија. Според зборовите на селекторот Васко Скендеровски, Романците во своите редови имаат натурализирано дури четворица футсалци од Бразил, па затоа мора таа селекција да се респектира и почитува.

Од друга страна Македонија овој натпревар го игра дома, на свој паркет и иако подмладена има во себе квалитет за добар резултат против селекцијата на Романија, во вториот меч од квалификациската група 4.

Во првото коло Романија одигра со Србија 2:2. Од нашата група, покрај средбата Македонија – Романија, вечерва се игра и дуелот меѓу Србија и БиХ, и тоа во Нови Сад со почеток од 18 часот.