Вардар 1961 не успеа дојде до победа на гостувањето кај Порто, беше совладан со 27-24 и покрај добрата партија на Борко Ристовски. Стевче Алушовски во шестиот меч оваа сезона го запишаа четвртиот пораз.

„Честитки за победата на Порто, им посакувам се најдобро во продолжение на сезоната. Бевме добри на почетокот на натпреварот, посебно во одбраната. Но, имавме проблем во нападот. Во последните десет минути кога се кршеше резултатот направивме многу грешки во нападот, имавме погрешни додавања. Порто не казни, беше добар од брзите контранапади. Останува да ги поправиме грешките, не чекаат многу натпревари овој месец“, изјави Стевче Алушовски.

Вардар 1961 го чека нов тежок натпревар, против ПСЖ на гостински терен.